СПОРТФУДБАЛ

Oдредeни шеширите за првиот клупски Мундијал со 32 екипи

Светската Фудбалска Федерација (ФИФА) ги одреди шеширите во пресрет на ждрепката за следното Светско клупско првенство што ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во Соединетите Американски Држави.

Advertisements

Меѓу носителите се четирите првопласирани клубови од Европа, плус четири од Ј.ужна Америка: Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Фламенго, Флуминенсе, Палмеирас и Ривер Плата.

Вториот шешир го сочинуваат осум европски клубови (Челзи, Борусија Дортмунд, Порто, Интер, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Салцбург), додека третиот е составен од двата најдобри азиски, африкански и северноамерикански тима, плус двата најниско рангирани јужноамерикански клубови.

Ждрепката за Светското клупско првенство ќе се одржи во Мајами, на петти декември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button