РЕГИОН

Официјална Приштина со реакција по најавите за руска потерница за косовски полицајци

Официјална Приштина реагира по информациите дека Русија распишала меѓународни потерници за некои функционери на елитните единици на косовската полиција. Министерот за внатрешни работи Џељал Свечла изјави дека официјално биле информирани дека постои таква потерница против командантот на специјалната единица Бесарт Ахмети. Ваквиот чекор на Москва доаѓа неколку месеци по настаните од 24 септември минатата година во Бањска како одговор на меѓународната потерница издадена од Интерпол за Милан Радојчиќ и неколкумина други учесници во терористичкиот напад.

Advertisements

„Од Русија не се очекува ништо добро. Бесарт е добар. Знаеме, ги имаме официјалните информации, но тоа не е моја грижа, ниту на Бесарт“, рече Џељал Свечла, министер за внатрешни работи на Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button