ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Огнената група: Време е да се предложи закон за статусот на семејствата на мачениците на ОВК

Огнената група и официјално се претстави како фракција на ДУИ. Висар Ганиу од оваа група денеска за медиумите повтори дека органите на ДУИ не функционираат според статутот на партијата. Според него, партиските избори во ДУИ се нелегитимни и нестатутарни. Ганиу дури обвини дека политичките одлуки во ДУИ ги носат исклучиво министрите од оваа партија и дека ОВК никаде во нивниот извештај не се споменува.

Тој посочи дека меѓу нив и ДУИ има разлики во ставовите околу спроведувањето на албанскиот јазик во пракса и изнесе неколку предлози за власта.

„Сметаме дека сега е погоден политички момент формулата 20 проценти да се тргне од Уставот. Никаде и никој не го спомнува придонесот на ОНА. Сметаме дека треба да се направи закон за регулирање на статусот на семејствата на борците на ОНА“, рече Ганиу.

 

„Официјално ви се обраќаме како фракција. Сметаме дека е демократски чин изразувањето на поинакво мислење и дека тоа ќе ѝ помогне на партијата да ги исправи пропустите во своето функционирање. За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на партијата. Се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи, гласот на народот е сè, тој е гласот на разумот и ќе го покажеме тоа на дело преку севкупното функционирање“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button