ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Охрид преполн за првомајските празници

Место повеќе се бараше во угостителските објекти во Охрид, за продолжениот првомајски викенд и покрај повисоките цени како на храната, така и на пијалоците и кафињата. Гостите од соседството и домашнитe туристи го запоседнаа градот и атмосферата наликуваше како среде лето, односно во ек на туристичка сезона. Имаше туристи и од Западна Европа.

„Охрид е многу убав. Секогаш е пријатно во Охрид да се дојде. Се е чисто, се е убаво, се е средено. Цените зависи за кого, како. Кој има пари, за него секогаш е пријатно. Тие што немаат пари се жалат“…

„Прв пат сме во Охрид. Ни се допаѓа се, планините, градот, езерото се е убаво.Но нема да се капиме,бидејки е се уште студено. Ќе останеме пет дена. Патуваме низ Европа. Одовде ќе одиме во Албанија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија“…

„Многу е убаво. Местото е прекрасно. Луѓето кои што живеат овде се многу љубезни. Еден месец сум веќе во Охрид и би сакал да се преселам да живеам тука. Видете каков поглед има, тоа е нешто неверојатно“, рекоа странските туристи.

Некои имаат и забелешки.Велат дека Охрид е идеално место за пречек на туристи со подлабок џеб, но оти треба да се поработи на решавање на проблемите.

„Странците се навистина воодушевени. Уживаат, а прифатливи им се и цените. Најголем проблем се летовите. Незнам зошто постои Охридски аеродром. Се пуштаат само некои чартер летови преку лето. И транспортот од Скопје до Охрид, патот не е направен. Како, со хеликоптер ли да ги донесеме“, додава една домашна туристка.

Сопствениците на пловни објекти нудат прошетки по Охридското езеро.

„Им нудиме прошетки од половина и еден час. Музејот на вода, Свети Наум, секаде каде може да се плови по нашата територија. Има гости претежно од Европа. Добри се. Се интересираат и прашуваат за Охрид, најмногу за историјата и езерото“, рече Зоран Анѓелоски, бродар.

Туристичките работници велат дека интересот за Охрид е се поголем.

„Интересот е зголемен.И јас се надевам дека летото ќе биде поуспешно од ланското лето.Но зависи од многу фактори.Летото доаѓа, а се уште не е решено прашањето за плажите“, вели Владо Суклоски-туристички работник.

Инаку првомајските празници се репер за тоа каква туристичка сезона може да се очекува. Според исполнетоста на хотелите и приватните апартмани деновиве, од околу 70%, од туристичкиот сектор се надеваат на добро лето.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button