ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Првомајски протест и на Конфедерацијата на слободни синдикати

Конфедерацијата на слободни синдикати организираше свои прoтест низ улиците на Скопје. Синдикалците кои во најголем дел ги застапуваат вработените во јавниот сектор и администрацијата ја обвинија владата дека не се почитуваат колективните договори и законите кои требаше да бидат во корист на вработените. Мотото на овие синдикалци годинава е: „За правда, за еднаквост.“ Побараа од властите да им биде овозможен пристоен живот.

„Протестираме за пристојна плата, протестираме за социјална правда, за почитување на колективните договори. Пет години не ги почитуваат законите и колективните договори. Но, во првиот момент кога дојдоа во прашање нивните плати тогаш законот важи“, рече Благоја Ралповски претседател на КСС.

„Не се согласуваме „ќебапче за работникот, бифтек за власта“, тоа ниту е правда, ниту е правичност, ниту еднаквост, се ќе сториме да ја доведеме правдата во Македонија, правдата во однос на социјалниот дијалог, партнерство и почитување на работничките права“, рече Јаким Неделков, СОНК.

Синдикалците и порачаа на владата дека бараат почитување на законите, барање подобар животен стандард, потоа почитување на работникот и неговиот труд и бараат зголемување на платите согласно законот за минимална плата, К-15 согласно стандардите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button