МАКЕДОНИЈА

Охрид; Силен ветер и високи бранови за Водици

Разбрануваното езеро и високите бранови, ги погодија државниот и црковниот врв,но не беа пречка за 19 годишниот Васко Довлев од населбата Варош, да го фати светиот крст во водите на Охридското езеро. Тој беше помеѓу 400 капачи кои учествуваа во фаќањето на крстот. На градскиот плоштад манифестацијата ја следеа илјадници граѓани.

Advertisements

„За првпат го фаќам крстот. Чувството е многу убаво. Едноставно во раце ми дојде, чувствував дека е за мене. Падна до мене и само ја пуштив раката. Чувствував, едноставно со верба во Бог, одев во црква и постев и кога имаме верба се ќе биде. Најбитно е здравје, среќа, љубов на сите“, рече Васко Довлев, фаќач на крст.

Традиционално Општина Охрид на фаќачот на крстот му додели икона и крст од филигран.

„Се надевам дека уште многу многу години ќе успееме во ваква форма да го славиме овој празник кој за Охрид и охриѓани е дефинитивно најголем“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.
Екипите на Црвен крст денес имаа полни раце работа.Температурата на водата беше само девет степени“

„Преку 20 интервенции имавме, што во вода, што на копно. Ги згрижувавме сите кои се со посекотини и со премрзнатини. Драго ми е што немаше некој поголем инциденти, бидејки вакво време како што е со силен ветар од 15 метри во секунда, или преку 60 километри на час не сме имале до сега“, рече Сашо Точков, Црвен крст, Охрид.

Централната манифестација се одржа во Скопје, каде поглаварот, на МПЦ ОА, г-дин Стефан го фрли крстот во водите на реката Вардар. Најсреќен беше Кристијан Нинески кој трет пат го извади крстот од студените води. Инаку денес православните христијани го празнуваат празникот Богојавление-Водици.На овој ден се смета дека Свети Јован Крстител, го крстил Исус Христос во реката Јордан.Овој празник уште се нарекува и Водици.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button