ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид солидно посетен за дочекот на Новата 2022 година, но има поплаки – собите не се добро затоплени

Охрид уште од вчера почна да се полни со гости и да потсетува на туристички центар како што и му доликува. Градот гостите ги пречека со сонце и температура далеку повисока од вообичаената за овој дел од годината, а така, барем според најавите, се очекува да биде и наредните празнични денови.

Advertisements

Според она што може да се забележи најбројни се гостите од соседните држави, најмногу од Србија и Црна Гора. Претежно се работи за помлади лица, кои се тука да ги минат новогодишните празници и најчесто доаѓаат групно, но секако има и индивидуални посети. Гостите според она што го кажуваат, задоволни од времето, убавината на градот, празничната атмосфера, но со забелешки за сместувањето, најмногу на незатоплените соби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button