ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Антовски: На лагата ѝ се кратки нозете, поскапувањето на струјата ќе биде над 15 отсто

Евтината тарифа беше една од главните точки во програмата на СДС на парламентарните избори во 2016 година во делот за енергетика, реагира денеска Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неговата реакција меѓу другото се додава:

„Додека го лажеа народот дека само тие се грижат за него, бидејќи без евтината тарифа се празнат џебовите на граѓаните, ветуваа дека тие ќе ги вратат парите кај народот, со тоа што ќе се зголеми периодот на користење на евтина тарифа од 14 до 16 часот. Народот слепо им поверува на лагите и својот глас го даде на СДСМ.

Но, на лагата и се кратки нозете. Така вели народната поговорка. Лагата на СДСМ траеше само четири години. Откако во 2020 ја зголемија цената на струјата за 7,4%, па летото во 2021 за уште 12,5 % сега се случи нов ценовен шок. Зголемување за 9,5 %, па и укинување на дневната евтина тарифа.

Народот треба да знае дека зголемувањето на струјата кај домаќинствата и малите потрошувачи од 9,5% не е точно. Со укинувањето на евтината тарифа од 14 до 16 часот цената на електричната енергија дополнително се зголемува за 5-6%, што значи дека вкупното поскапување ќе биде од околу 15%. И не само тоа. Кај малите потрошувачи зголемувањето ќе биде уште поголемо  од 15% ако се земе и цената на врвната моќност, кај која најмногу се манипулира. Кога ќе им дојде сметката за јануари 2022 година на малите потрошувачи, тогаш ќе се фатат за глава и ќе разберат што ги снашло, споредувајќи ја јануарската сметка со  сметката од декември 2021 година. Поскапувањето кај нив ќе биде многу поголемо од 15%“, вели Антовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button