ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид: Списоци со имиња на заразени од корона објавени на социјалните мрежи

Списоци со имиња на лица од Охрид заболени од ковид 19, подолго време кружат низ градот. Тие се препраќаат од лице до лице на социјалната мрежа Фејсбук и речиси секој може да има достапност до имињата. На списоците ги пишува имињата на сите кои се евидентирани како позитивни.

Advertisements

Алсат дојде до дел од списоците. Се обидовме да контактираме со некои од лицата кои се на списоците. Никој не сакаше јавно да зборува, но вели дека ова што се случува е надвор од Законот. Од Центарот за јавно здравје велат дека знаат за ова, но не знаат од каде излегуваат имињата.

„Не знам на кој начин излегуваат и од каде. Јас одговорно тврдам, дека ниту еден список не е од кај нас, затоа што кај нас нема списоци. Тоа се листи кои ги прави епидемиолог. Списоците кои ги видовме не наликуваат на нашите листи и нашата евиденција во Центарот за јавно здравје. Одговорно тврдам дека ниту еден податок и список не е излезен од страна на Центарот за јавно здравје, не посебно на социјалните мрежи“, вели Сашо Точков, директор на Центар за јавно здравје.

Точков вели дека пријавиле во полиција двапати. Првиот пат уште пред два месеци, со цел покренување постапка и пронаоѓање на изворот од каде протекуваат имињата на болните. Но од СВР Охрид велат дека досега до нив не е доставена официјална пријава во врска со објавувањето на списоци со имиња забоелни од ковид 19.

„Апелираме до граѓаните, кои имаат било какви информации поврзани со овие списоци да ги достават до СВР Охрид“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Неофицијално дознаваме дека полицијата веќе има комуникација со Јавното обвинителство во врска со овој случај. Правните експерти велат дека според Кривичниот закон, станува збор за кривично дело и институциите под итно треба да го истражат случајот.

„Според Законот за заштита на правата на пациентите тие податоци се тајни и можат да се дадат само на пациентот или член на неговото семејство. Согласно одредбите од Законот за заштита на податоци, пациентот има право на тајност на личните и медицинските податоци. Со исклучок, овие податоци можат да бидат откриени ако пациентот даде писмена согласност за тоа. Согласно Кривичниот законик, тој што без согласност на граѓанинот собира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се кази со парична казна или со затвор до една година“, вели Ален Деребан, адвокат.

Деребан вели дека ако делото го сторил службеното лице, според Законот, може да се казни со казна затвор од три месеци до три години. Бројките на ново заболени од ковид 19 во Охрид и Струга е во постојан пораст. Болничките капацитети се преполни, а голем дел од граѓаните се лекуваат и во домашни услови.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button