ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Охрид, угостителите најавуваат затворање на рестораните и кафулињата

Голем број од охридските угостители ќе ги згаснат своите бизниси до крајот на оваа година, во неможност да се справат со енергетската и економска криза. Драстичниот пораст на трошоците велат го прави нивното работење се по нерентабилно.

„Некои само ќе го редуцираат својот бизнис, а некои и потполно ќе затворат. Тоа зависи од обемот на работа и од други параметри.Но на големо се разговара за замирање на секторот.Ценaта на енергенсите е значително покачена и тоа мошне влијае на работењето.Се бараат решенија за алтернативи или најнепопуларната мерка затворање на објектот се до момент на рентабилност“, рече Михаил Мишев, здружение на угостители Охрид.

Слично е и во другите градови.

„Во проекцијава за бизнисот за зимава нас ни доаѓа една страшна сума за одвојување , која треба ја дадеме посебено за електрична енергија и за останатите енергенси.Има доста од колегите кои дел од објектот, терасата ќе ја затвори.Некои и ќе затвори, некои ќе затворат парцијално одредени денови.Сите си прават проекција на бизнисот“, рече Марио Трифуноски, клуб Еснаф, Битола.

Некои од рестораните и кафетериите ќе затворат за прв пат после десетина години работа, а со тоа добар дел од вработените ќе останат на улица. Во меѓувреме некои од објектите работа само преку ден.

„Намалената посетеност е разбирлива, бидејќи кризата удира по сечиј џеб и секој сака да помине со што помалку. Меѓутоа е видлива посетеноста и квалитетно послугата е намалена. Се работи само за дневни кафиња“, додава Мишев.

Слична е ситуацијата и во Струга. Угостителите се соочуваат со намален промет затоа што уличните светилки се гаснат навечер па ретко кој излегува во вечерните часови.

Слична ќе биде ситуацијата и во Струга.Тамошните угостители веќе се соочуваат со намален промет и многу помалку работа, затоа што уличните светилки се гаснат навечер, па ретко кој излегува во темен и неосветлен град.

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button