ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охрид, уривањето дивоградби замрзнато

Точно три месеци нема никакви активности во Охрид за отстранување на бесправно изградените објекти и враќање на плажите во првобитна состојба. Акциите се чини како да се запрени и покрај тоа што охридскиот градоначалник Константин Ѓеорѓиески најави дека тие ќе продолжат после 15 август. Последна на 10 јули се отстрануваше бетонската база на Нефи Усеини од ДУИ. Од општината сега велат дека се работело на проценки.

Општина Охрид:

„Општина Охрид веќе започна активности за отстранување на бесправните градби, по утврдена динамика. Според планираното, се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и активности за уривање…“

Факт е дека во Охрид со најголем интензитет се отстрануваше во предизборието. Од невладиниот сектор велат дека општината треба да продолжи со акцијата за да не се добие поинаков впечаток.

„Охрид СОС уште во текот на активностите кои беа спроведувани на охридското крајбрежје, за наводно отстранување на дивоградбите, велеше дека најверојатно се работи за собирање на ситни политички поени поради самото темпирање на таа активност.“-изјави Драгана Велковска-Охрид СОС.

Од Охрид СОС велат дека на 7 август побарале од институциите да им достават детален план со динамика, фази и конкретни рокови за уривање на дивоградбите, но оти до ден денес одговор не добиле.

окалните власти во Охрид тврдеа дека ќе се сруши се што е дивоградба, но оти процесот нема да биде лесен, неможе да се отсрани се одеднаш. Во Струга нема никакви активност на тој план, а градоначалникот Мерко во неколку наврати упорно тврдеше дека таму нема дивоградби.Премиерот Заев, на предизборен митинг во Струга на 1 јули, на Мерко му порача дека и плажите во Струга ќе бидат вратени во првобитна состојба и ако не постапи општината Владата има право да  му ги одземе надлежностите и да ја спроведе комплетно постапката.Но ни од тоа нема ништо.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button