ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ОЈО бара судење за сообраќајката кај „Сити Мол“

Обвинителството бара да му се суди на 22 – годишното момче кое смртно ја прегази 24 – годишната Викторија Николова кај „Сити мол“ на 20 јануари. Скопското обвинителство младиот возач го гони за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според обвинението, тој не обратил внимание на пешаците иако семафорите не работеле. Возел со брзина од 67 километри на час и не можел навремено да закочи. Обвинителството побара и да му биде продолжен веќе определениот затворски притвор.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button