ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стручните училишта немаат соодветни учебници

Додека Министерството за образование најавува дека се работи на унапредување на средното стручно образование, за добар дел од стручните предмети во средните професионални училишта во земјава со години нема учебници. Министерот за образование, Јетон Шаќири вели дека е запознаен со проблемот и оти се работи на негово решавање, но од први септември.

„Оваа година ќе се разгледаат сите можности за децата од први септември да има учебници за тие предмети за кои досега се завршени повиците, како што треба. За тие предмети кои нема, ние ќе распишеме повик за да се пријават професори кои ќе поднесуваат ракописи за тие учебници“, вели Шаќири.

„Само од нашиот центар се дадени 147 мислења за учебници за стручно образование и обука. И сега е работа на педагошката служба. На сите родители и на мене како родител, ни е навистина проблем…“, рече Шериф Мифтари директор на Центарот за стручно образование.

Професорите велат дека секој се снаоѓа како знае и умее. Некои преведуваат од учебници од поранешна Југославија или пак преземаат содржини од интернет. Потоа учениците или ги препишуваат лекциите или прават фотокопии.

„… Но, се снаоѓаме од интернет. Од интернет во главно ги користиме податоците. Во секоја од насоките фали по некој од стручните предмети. Тоа е хендикеп во моментот…“, вели Кети Јанкоска-директор на средно училиште Нико Нестор-Струга.

Во Струга денеска се одржа дебата каде се зборуваше за унапредување на средното стручно образование, како начин да се креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговори на потребите на пазарот на трудот.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button