СВЕТ

Околу 200 мигранти се обиделе да ја пробијат оградата на полско-белоруската граница

Околу 200 мигранти се обиделе да ја пробијат оградата на полско-белоруската граница доцна на 24 ноември, соопшти полската гранична стража. Новиот инцидент се случил кај селото Черемча.

„Тие се обидуваа да ја пробијат границата. Тие фрлаа гранки и камења и обидот беше спречен од нашите службеници“, изјави денеска за медиумите портпаролката на Граничната стража Ана Михалска.

Таа рече дека мигрантите срамниле дел од оградата со трупци во обид да преминат преку неа, а петмина мигранти се испратени во болница поради исцрпеност.

Брисел ја обвини Белорусија дека се обидува да ја дестабилизира Унијата со тоа што донесе илјадници луѓе од Блискиот Исток на границите со земјите членки на ЕУ – Полска, Литванија и Латвија. Според ЕУ, Минск им се одмаздува за санкциите што Унијата ги воведе за режимот на Александар Лукашенко, поради неговиот однос кон неистомислениците и задушувањето на протестите по спорните избори лани во август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button