ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Околу 7 000 домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за струја, рече Бектеши

До Министерството за економија заклучно со вчерашниот ден стигнале вкупно 6 500 барања за финансиска помош за покривање на дел од сметките за електрична енергија од страна на домаќинствата со ниски примања, а во врска со повикот за финансиска поддршка кој претходно го објави ресорното министерство.

Advertisements

Министерот за економија Крешник Бектеши информира оти согласно буџетот кој е одвоен за оваа намена, односно вкупно 60 000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7 000 домаќинства, а согласно оваа мерка предвидено е да се пркријат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата за ниски приходи.

Тој истакна дека финансиска поддршка ќе добијат лица со најниски примања во домаќинство во 2021 година, во соодветната категорија, а во случај повеќе баратели да имаат идентичен износ на месечни примања во домаќинството, истите ќе бидат подредени според архивскиот број, растечки.

Според јавниот повик, корисниците на финансиска поддршка во текот на оваа година треба преостанатиот дел од износот на сметката за претходниот месец да го плаќаат во рокот за плаќање наведен на сметката, а во спротивно, доколку корисникот на финансиска поддршка не го плати преостанатиот намален износ на две последователни сметки, Министерството за економија ќе донесе решение со кое се укинува решението за стекнување на финансиска поддршка.

За можноста да се одложи плаќањето на сметките за струја, министерот рече дека тие договори се билатерални кои ги прават потрошувачите со ЕВН или пак со други трговци на електрична енергија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button