ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средба на министерот Спасовски со новиот амбасадор на Чешката Република Јарослав Лудва

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа протоколарна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот амбасадор на Чешката Република Јарослав Лудва, придружуван од заменик амбасадорот Лубомир Пшенка.

На средбата било изразено задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете  министерства, кое изминативе години посебно за време на миграциската криза, но и периодот после, стои во соопштението од МВР, се покажа дека е од голема важност, особено во делот на осовременување на капацитетите на МВР.

Министерот Спасовски изразил благодарност како за поддршката и соработката преку бројните  донации за подобрување на капацитетите на вработените во МВР, така и за поддршката со испраќање чешки полициски службеници на нашата граница за целите за справување со илегалната миграција, што резултира со намалување на интензитетот на миграциските текови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button