ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со 101 глас „за“, минималната плата го помина првиот собраниски филтер

Со 101 глас „за“ од пратениците, предлог-измените за покачување на минималната плата го помина првото гласање на пленарна седница во Собранието. Ниту еден пратеник не гласаше „против“, а немаше ниту воздржани. Сега за предлог-законот треба да расправа собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Зголемувањето на минималната плата на собраниската седница го образложи министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која рече дека тој е поднесен по конструктивна дискусија на Социоекономскиот совет со синдикатите и работодавците.

Таа посочи дека измените предвидуваат зголемување на минималната плата од 15 200 на 18 000 денари, како и нова методологија за пресметување на минималецот.

Тренчевска пред пратениците потенцира и дека со дефинирањето на минималната плата од 18 000 денари стануваме лидери во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата, која со овој предлог ќе изнесува 62 отсто.

Договорот за покачување на минималецот беше постигнат во понеделникот вечерта (7 февруари), по неколку дена разговори меѓу Сојузот на синдикати на Македонија, Владата и Организацијата на работодавци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button