
Околу 75000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на американската Канцеларија за човечки ресурси.
Отпремнините е еден од начините на кои Трамп бара да го намали бројот на федерални вработени, што изнесува вкупно 2,3 милиони и кој тој го смета за неефикасен, пренесува Ројтерс.
Официјални претставници посочија дека Трамп планира да отпушти до 70 отсто од персоналот во одредени владини агенции.
Федерален судија во средата ја одобри способноста на администрацијата на Трамп да спроведе програма за отпремнина за федералните вработени. Окружниот судија Џорџ О’Тул во Бостон го одби барањето на синдикатот за блокирање на програмата.
Синдикатите, кои претставуваат повеќе од 800000 федерални вработени, нагласуваат дека програмата е нелегална.