КОШАРКАСПОРТ

„Ол-стар“ викендот во 2026 година ќе се игра во Лос Анџелес

Натпреварот на најдобрите кошаркари во НБА лигата во 2026 година ќе се игра во Лос Анџелес, соопштија од раководството на НБА лигата.

Ол-стар викендот ќе се одржи во новата арена на Лос Анџелес Клиперс, која ќе биде отворена во Инглвуд пред почетокот на сезоната 2024/2025.

Клиперс планираат да се вселат во новата „Intuit Dome“ во јуни, а отворањето треба да се случи во август. Ол-стар викендот во 2026 година ќе започне на 13. февруари со Ѕвездите во подем, а потоа ќе следи натпреварот за вештини, три поени и забивање еден ден подоцна и Ол-стар натпреварот на 15. февруари. Оваа година ол-старот е во Индијанаполис, а во 2025 година во Сан Франциско.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button