СВЕТ

ОН: Примирјето овозможи над 2 400 камиони со помош да пристигнат во Газа

Над 2 400 камиони со хуманитарна помош пристигнале во Појасот Газа за три дена од почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас, соопштуваат од Обединетите нации (ОН).

Според информациите од ОН, само во текот на вчерашниот ден во Појасот Газа влегле скоро 900 камиони со хуманитарна помош. Исто така, во неделата влегле 630 камиони, а во понеделникот 915.

Примирјето предвидува најмалку 600 камиони помош дневно, од кои 50 мора да носат гориво, а половина од вкупната помош е наменета за северниот дел на Газа, каде што жителите се соочуваат со закана од глад.

Во текот на 15-месечната војна, ОН ја опишуваа својата хуманитарна операција како „опортунистичка” бидејќи беа соочени со проблеми поради израелските воени операции, рестрикции на пристапот до и низ Газа, а во последно време и со грабежи од вооружени банди.

Според претставници на ОН, за време на носењето на хуманитарната помош имало помали инциденти на грабежи, но не како порано.

„Тоа не е организиран криминал. Децата скокнаа на некои камиони обидувајќи се да земат корпи со храна. Имаше некои други луѓе што се обидоа да земат амбалажирана вода. Се надеваме дека во рок од неколку дена сето тоа ќе исчезне кога луѓето од Газа ќе сфатат дека ќе имаме доволно помош за сите“, велат од ОН.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button