ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опојна дрога пронајдена кај лице од Кичево

Синоќа околу 21,45 часот на улица „ 29-Ноември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР-Кичево запреле патничко моторно возило марка „СААБ“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Ф.М.(40) години, во чија придружба бил и сопатникот П.Ј. При преглед кај нив била пронајдена бела прашкеста материја марихуана во повеќе полиетиленски пакувања, пиштол марка „Зораки“ калибар 9 м.м. и еден куршум.

– По пронаоѓањето на овие лица, издадена е судска наредба извршен претрес во домот и помошните простории на Ф.М.во Кичево, при што пронајдена сива прашкаста материја марихуана и дигитална вага кои биле вметнати во метална канта закопана во дворот на Ф.М. При овој претрес пронајдени се вкупно 1,7 килограми марихуана и 100 грама хероин.По документирањето на овој случај ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за извршени кривични дела по член 215 и член 306 од Казнениот закон, информира Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button