ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозиција: Се врши притисок врз Врховен за да донесе пресуда во корист за Пуцко Петрол

Врховниот суд се уште нема донесено одлука повеќе од една година врз основа на која, се одобрува или одбива надоместокот што „Пуцко Петрол“ го бара од државата, Град Скопје и Општина Карпош за неизградба на бензинската пумпа во Карпош. Највисокиот суд во земјава не ги наведува причините за одложувањето.

„Случајот број Реф1-19/23, евидентиран во Врховниот суд, беше разгледан на 6 февруари 2023 година, и оттогаш се разгледува“, рекоа од Врховен.

Извори во Судот, неформално велат дека членовите се поделени во мислењата, но не даваат повеќе информации за тоа како да се постапи. Тужбата на „Пуцко Петрол“ следуваше откако компанијата основана од пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, ја купи парцелата со број 550/30 во Општина Карпош во која беше предвидена бензинската пумпа. Со промена на Деталниот урбанистички план, предвиденото место беше поделено на две парцели 550/1 и 550/30. Второто беше купено од Пуцко Петрол за 2,6 милиони евра, или 1.500 евра за метар квадратен. До овој случај се беше легално, но „Пуцко Петрол“ одлучи да ги тужи Општина Карпош, Град Скопје и државата за неуспешната инвестиција. „Пуцко Петрол“ побара отштета од околу 15 милиони евра.

Тужба на Пуцко Петрол

2,6 милиони евра за парцела
100 000 евра камата
6, 140.000 евра обештетување
6 милиони евра дополнителна камата

Но, како дојде до заклучокот и проценката на штетата. Во економската експертиза која била упатена од Апелациониот суд, во првиот случај кога предметот беше вратен на повторно судење,се проценува дека освен штетата за парцелата, државата е должна да му исплати на „Пуцко Петрол“ дополнителен износ на камата од 6,4 милиони евра. Во експертизата стоело дека се работи за најуспешната бензинска пумпа во земјава со огромен профит во изминатите 20 години.

Македонската опозиција обвинува дека „Пуцко Петрол“ врши притисок врз одредени судии преку политичко влијание да се произнесат во корист на компанијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button