ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во новиот училиштен објект во Визбегово поставена табла со името на училиштето

Во новиот училиштен објект во Визбегово веќе е поставена табла со името на училиштето „Визбегoво“ со што се финализирани сите работи околу овој објект. И покрај тоа, училиштето останува затворено и не смее да се користи, додека учениците од оваа населба продолжуваат да учат во училиштата во различни општини. Од Министерството за образование соопштија дека техничкиот прием е веќе извршен, а останува општина Бутел да ги заврши соодветните процедури.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи упати честитки за новото училиште, но не прецизираше кој ден ќе почне да работи. Костовски додаде дека се работи на комплетирање на документацијата за да може официјално да почне со работа. Од друга страна, жителите на населбата се револтирани од ваквото одложување на рокот, додавајќи дека овој проект се обидуваат повторно да го искористат во предизборната кампања.

„Ова е еден од главните елементи и сигурно го користат училиштето, децата и населбата за да освојат поголем број гласови. Условите се исполнети, но на друго место работата кочи. Разочарани сме, не знам со која цел не се отвора училиштето овде, дали има политички, партиски или национални цели, зошто сме ние Албанци? Можеби да бевме на другата страна, ќе се отвораше“, рече Неби Ибрахими, Совет на родители.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button