ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата бара пари за регионална депонија во Скопје

Последен ден амандманска расправа по предлог буџетот за следната година. Инфраструктуни проекти во одредени општини, и изградба на нова регионална депонија се дел од амандманите по кои денеска расправаа пратенците во комисијата. Според пратениците на опозицијата изградба на нова депонија во Скопје е непходна за намалување на загадувањто во овој град.

„Обезбедување на средства во висина од 400 илјади евра за изградба на регионална депонија во Скопје како би се намалило енормното загадување на почвата и амбиеталниот воздух во скопскиот регион“, рече Бојан Стојановски- пратеник на ВМРО- ДПМНЕ.

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, нема потреба од изградба од ваква депонија бидејќи има конкрентни планови и програми за соодветно управување на отпад.

„Според информациите од ресорното министерство со оглед на тоа дека веќе се спроведува политиката за регионално управување со отпад нема потреба истото да се гради во Градот Скопје. Со оглед на ова овој амандман не се прифаќа“, рече Бесими.

По завршување на амандманската расправа, предлог-буџетот ќе се најде на законодавна-правна комисија, па потоа ќе биде испратен до Владата за да се вметнат измените. Засега има еден прифатен амандман од опзицијата со која се бараше зголемување на висината на пари за интервентниот план во земјоделството.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button