ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Загрозена егзистенцијата на 600 вработени во фабриките за ќеси

Намалување на предвидените казни, постепено зголемување на цените на ќесите и одложување на примената на законот – за производителите да можат да се прилагодат на новите измени. Ова се дел од барањата на Групацијата на производители на ќеси кои ги претставиле и во Владата и во минстерството за животна средина но не наишле на слух од институциите. Според нив, овој закон во европските земји се имплементирал во рок од 7 годни .

„Прво бараме да се  укине надоместокот од 15 денари бидејќи не само што нема никаква пазарна логика, туку е и многу повисок споредено со другите држави. Сметаме дека зголемувањето на цената треба да биде сукцесивно во етапи. Од овие законски измени директно е засегнaто опстојувањето и егзистенцијата на 32 претпријатија кои бројат вкупно 600 вработени физички лица, невклучувајќи ги и надворешните соработници како добавувачи на репроматеријали, дистрибутери“, вели Ели Качева, Групација на производители и преработувачи на пластични ќеси.

Производителите велат дека не можат за две години целосно да се префрлат на производство ссамо на биоразградливи ќеси бидејќи инвестициите се премногу скапи, а потребни се и обуки на работниците.

„Една машина половна за таков материјал изнесува 500 илјади евра, значи треба минимум да вложиме по пет милиони евра за да дојдеме пак на ова производство сега што сме, тоа е најголем проблем цел свет со соочува со недостиг од храна ние сега ќе правиме кеси од пченка, шеќерна репка, нишесте, тоа е малку нелогично“, рече Александар Боризовски- Заменик претседател на Гупацијата на производители на пластични ќеси.

За екологистите поскапувањето на пластичните ќеси ќе има позитивно влијание на долг рок бидејќи драстично ќе се намали отпадот од пластика.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button