ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На утрешната средба Заев-Гаши се очекува конкретизирање на договорот за евентуално заедничко владеење

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши во петок ќе се сретнат по четврти пат. Извори од двете партии велат дека на следната средба се очекува конкретен договор кој потоа треба да се филтрира во партиските органи и пред коалиционите партнери. На вчерашната средба била отворена дискусија за поделба на ресорите, но она што засега е познато е дека Алтернатива инсистира на Министерството за здравство – ресор за кој според извори на Алсат предложен е секретарот на Алтернатива, Беким. Сали. Се очекува на следната средба да се дознае дали премиерот Заев ќе го прифати или не предлогот за министер за здравство.

Се разговарало и за поделбата на позициите во вториот и третиот ешалон. Неофицијално се дознава дека Алтернатива може да добие тројца заменици министри, неколку директори и управни одбори.

Евентуалниот договор Заев-Гаши треба да им се пренесе и на коалициските партнери кои неодамна се одвоија од предизборната коалиција за локалните избори, но не и од парламентарното мнозинство.

Алсат дознава дека во контекст на радикалните промени во владиниот кабинет, се очекува Заев да додели ресори и на помалите партии, а не се исклучува можноста и ДУИ да претрпи ресорни промени. Нема да има само промени на некои министри, туку веќе се зборува за целосна промена на кабинетот, почнувајќи од премиерот, кој неофицијално се очекува да биде Димитар Ковачевски откако претходно ќе ја довербата од членството на СДСМ за претседател на партијата.

По изборот на новиот претседател на СДСМ се очекува да започне процедурата за проширување на парламентарното мнозинство кое според уставните рокови се очекува да заврши по крајот на годината, односно од средината на јануари.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button