ЕКОНОМИЈА

Опозицијата и граѓаните незадоволни од „Новогодишната кошничка“

Денеска завршува рокот за новогодишната кошница, кој почна да се применува на 15 декември 2024 година. Мерката на оваа кошничка ја формираа добавувачите, производителите и трговците на мало со ветување за намалување на цените на 1.178 различни производи.

Граѓаните велат дека забележале поскапување и на другите производи кои не биле вклучени во оваа мерка. Според нив, цените постојано се зголемуваат, а намалувањето на цените на одредени производи воопшто не е забележливо.

„Верувам дека цените повторно ќе пораснат, јас сум пензионер и со оваа пензија не се постигнува ништо“, велат граѓаните.

Од опозициската СДСМ порачаа дека цените постојано се зголемуваат, а новогодишната кошничка ја нарекуваат промашен владин проект.

Новогодишната кошничка, според Владата била успешна, со тоа што трошоците за храна и пијалаци во декември беа намалени за 0,3%. Од таму додаваат дека новогодишната кошничка, во која главно беа вклучени храна и безалкохолни пијалоци има свој ефект со што цените на храната и пијалоците во декември 2024 година се намалени во однос на ноември истата година. Следната кошничка е предвидена за месец Рамазан, од 1 март.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button