ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Синдикалците не се откажуваат од своите барања

На вториот ден од протестите, синдикалците со одговор до власта и на опозицијата. Бараат од опозицијата да не се вклучува на протестите бидејќи, како што велат, иако имале 7 години да најдат решение, тие не направиле ништо. Првиот човек на УПОЗ, Трпе Деановски, на денешниот протест пред Министерството за култура ги отфрла обвинувањата за политизација на протестите.

Претседателот на синдикалната организација на Министерство за култура и туризам, истакна дедка платите на 70 отсто од вработените во ова министерство се под просечната плата.

Во план е протестите да продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот. За во петок од 11 до 12 часот, е најавен протест пред Министерството за финансии.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button