ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата не сака да биде дел од преговорите со Бугарија

Македонската опозиција нема да прифати да учествува во работните групи со Бугарија. Според нив, за прашањата треба да се разговара во Собранието. Нивниот одговор доаѓа откако од Владата рекоа дека опозицијата не е исклучена од преговарачкиот процес.

Алсат ги праша и од Алијансата за Албанците. Од таму ни рекоа дека досега не примиле таква покана.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денот на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје, изјави дека опозицијата може да биде дел од петте работни групи кои ќе се формираат за преговори со Бугарија. Според него, во ова прашање мора да се надминат партиските интереси.

„Подготвен сум и во овој нов пристап на овие групи, зошто да не, да ги вклучам и претставниците на опозицијата, особено во делот што ќе биде меѓу двата парламента на двете земји, за и тие да дадат свој придонес, мислење и нивна оценка за понатамошниот развој на овие разговори“, рече Османи.

Власта во Скопје смета дека евентуален договор меѓу двете земји не треба да биде одобрен во Собранието, бидејќи договорот од 2017 година е веќе одобрен и резолуцијата го докажува националниот консензус, но се подготвени договорот да оди и на одобрување во Собранието, доколку опозицијата инсистира на тоа.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button