ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Експерти: Капиталните инвестиции клучни за економскиот раст

Реализацијата на капиталните инвестиции за претходната година не достига ни 80 проценти од планираното. За разлика од 2020 година кога капиталните се реализираа 82 проценти од планираното во време кога имаше низа рестрикции и затворање на економијата, во 2021 реализацијата е 78,9 проценти. Само три министерства успеале да ги реализираат капиталните проекти со над 90 проценти од планираното. Најмала реализација има Министерството за труд со 52,4 проценти, Министерството за правда со 62 проценти и Министерството за транспорт 64,5 проценти.

Министерство за финансии:

Министерство за труд и социјална политика 52,4%
Министерство за правда 62%
Министерство за транспорт и врски 64,5%

Економистите велат дека реализација на капиталните инвестиции потфрла изминативе години, потребен е нов модел на реализација од страна на министерствата за да може да има поголем економски раст.

„Една од клучните забелешки на буџетите се дека реализацијата на капиталните расходи е исклучително ниска и ние мора изнајдеме внатрешни механизми како овие капитални проекти ги забрзаме , зошто тие претставуваат моторот на идниот економски раст“, рече Благица Петрески- Институт за економски истражувања, „Finace Think“.

За оваа година се проектирани рекордно највисоки капитални инвестиции досега, или 615 милиони евра. И во овој буџет се пресликуваат стари проекти како изградба на Клинички ценатр во Скопје, пругата кон Бугарија, болница во Кичево и низа други проекти кои во најголем дел не можат да се реализираат поради несогласување на опозицијата и власта.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button