Опозицијата обвинува за селективна истрага за трагедијата во Кочани

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува да бидат тема на дискусија во Собранието. Опозицијата смета дека се штитат актуелни функционери на власта, додека се уапсени само функционери од минатите влади, кои, како што рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, можат да бидат вклучени само индиректно.
Премиерот Христијан Мицкоски не даде коментар дали има или нема селективна истрага, а за ова ги упати на главниот обвинител Коцевски. Вели дека е подготвен да влезе во затвор ако обвинителот смета дека е виновен. Ова важи и за другите функционери.
Мицкоски потсети дека и актуелни функционери во Владата, но и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се дел од истрагите и осомничените. Станува збор за министерот без ресор, Шабан Салиу, кој моментално се наоѓа во притвор, актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами, но и градоначалникот на Кочани, кој неодамна беше пуштен во домашен притвор. Од досегашната истрага, осомничени се вкупно 68 лица.
Зекирија Хаџиу