Опозициските партии ги поддржаа барањата на Сојузот на средношколци

Опозициските партии ги поддржуваат барањата на Сојузот на средношколци за модификација на државната матура. ВМРО -ДПМНЕ во текот на денов го достави предлогот со измени и дополнувања на Законот за средно образование. Тие ветуваат дека ќе ги канализираат барањата на учениците преку институциите за да не се губи многу од наставата. Сојузот на средношколци оствари средби и со партиите „Беса“ и „Левица“.
„Матурантите понудија компромис според моделот на Франција и веруваме дека ова барање од Сојузот е доста коректно во овие вонредни услови во кои се одвива наставниот процес“.
„Овие барања не се на ниту една политичка партија и треба да има целосен консензус во Парламентот за овие барања затоа што денес сме 9-ти ден од бојкотот и изгубивме 9 дена од наставата затоа што образовните институции не се подготвени да прифатат компромис.“
Директорите на средните училишта велат дека се во постојана комуникација со учениците и наставниците за да се најде заедничко решение. Сепак, тие остануваат на мислење дека е веќе доцна ова прашање да се решава за оваа учебна година.
„Ако ги земеме статистиките од претходните години, над 80-90% од учениците ја поминуваат државната матура во првиот рок и разумно е да им се објасни на учениците дека тоа не е толку тежок испит со оглед на претходните години, значи до 90% ја поминале државната матура.“
Првиот рок за полагање на матурата е на крајот на мај, вториот во јуни, а третиот во август.
Vjollca Aliti