ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спорното ископување песок во Средно Коњаре ги разбуди институциите

Од вонредната инспекција што ја изврши Инспекторатот за животна средина на работата на компанијата „Еуропрогрес“ кај реката Пчиња во Средно Коњаре, постојат сомневања за неправилности. Директорката Ана Петровска вели дека извештајот сè уште не е готов, но веќе имаат сомневања кои треба дополнително да ги испитаат во врска со доделувањето на концесијата и дали компанијата работи како што е предвидено во договорот.

Министерот за екологија, Насер Нуредини за Алсат вели дека доколку се утврдат неправилности, ќе бидат преземени мерки. Според него, овој случај може да биде причина за иницирање измени во законот што ја регулира оваа област, за елаборатот да не биде траен, туку да мора да се обновува.

„Ако има работи надвор од дадениот договор, тогаш нормално ќе бидат преземени мерки. Оваа концесија е доделена во 2011 година и студијата е предадена во Министерството за животна средина и врз основа на тоа има рамки каде може да се работи… Ќе седнеме со Министерството за економија и ќе донесеме одлука.“

Сопственикот на компанијата, Ќазим Османовиќ, кој рече дека ќе излезе со реакција по емитувањето на нашиот прв прилог во врска со овој случај, го чека извештајот од вонредната инспекција. Министерството за економија, веќе неколку години ѝ дава концесија на компанијата „Еуропрогрес“ за вадење песок надвор од коритото на реката Пчиња што поминува во Коњаре. Концесијата била продолжена во 2019 година. Токму оваа концесија предизвика револт кај жителите на Средно Коњаре. Тие тврдат дека фирмата не се придржува кон условите на договорот, копа подлабоко од предвиденото со што го пренасочува нормалниот тек на реката и уништува значителна површина на плодно земјиште.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button