ВЕСТИ

Општина Чаир со известување за упис на првачиња во училиштата

Во текот на целиот овој месец ќе се реализира процесот на регистрирање на првачињата во основните училишта на Општина Чаир овој пат во согласност со утврдените протоколи за заштита од вирусот Covid 19, соопшти денеска Општина Чаир.

– Апликацијата за регистрација и доставувањето на потребните документи овој пат може да се направи онлајн преку веб страната каде потоа ќе бидете контактирани од страна на училиштето на телефонскиот број оставен во апликацијата за одредување на термин за спроведување на интервјуто со детето во просториите на училиштето.Ова ќе овозможи избегнување на метежот и групирањето во училиштата, се наведува во известувањето.

Целиот овој процес, дополнуваат, може да се реализира и во училиштата каде на родителот ќе му се одреди термин за доставување на документацијата и за реализација на интервјуто со детето.

– Физичкото присуство за спроведување на интервјуто со детето останува задолжително и за нејзина реализација секое училиште ќе функционира врз принципот на термини во две форми на аплицирање, објаснуваат од општината.

Истовремено апелират до сите инволвирани страни во процесот на регистрација на првачињата (наставници, родители, деца, административно – технички кадар) за голема претпазливост во текот на работата за заштита на јавното здравје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button