СПОРТ

Осака рутински до втора титула во Мелбурн

Наоми Осака е победничка на овогодишното издание на “Австралија опен”. 23-годишната тенисерка oд Јапонија, во финалето беше подобра од американката Џенифер Брејди (6-4, 6-3).

Големата фаворитка, која во полуфиналето ја исфрли Серена Вилијамс, ја оправда улогата и имаше мали проблеми само на стартот на мечот. Надигрувањето донесе два брејка, а потоа при резултат 5-4, Осака одново го одзеде противничкиот сервис и поведе во мечот за титула во Мелбурн. Продолжението беше досадно, со оглед на доминацијата на третиот светски рекет. Јапонската тенисерка со два брзи брејка стигна до 4-0 и не погледна назад. Со сигурна игра ја освои четвртата Грен слем титула во кариерата и го повтори успехот од 2019 година, кога првпат стана шампионка на турнирот во Австралија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button