РАКОМЕТСПОРТ

Русите доаѓаат во Скопје како големи фаворити

Двата порази во Полска кај Висла Плок не ветуваат дека Металург ќе може да направи нешто повеќе на домашниот предизвик наречен Чеховски Медведи. Русите доаѓаат во Скопје како големи фаворити, со победа на последниот меч против Аон Фајверс на домашен терен.

Металург се мачи и никако не може да го „скрши мразот“ во Европската лига. Заедно со Бешикташ и Татабања, важи за еден од трите тима кој и натаму нема победа во овогодишното натпреварување. Тоа е доволно за последната позиција во групата А.

Натпреварот меѓу Металург и Чеховски Медведи се игра во СЦ „Борис Трајковски“, в сабота со почеток од 18:00 часот

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button