ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Осакатени“ генерации, училиштата снемуваат квалитетни наставници

„Осакатени“ генерации, училиштата снемуваат квалитетни наставници

Недостигот од дефицитарен кадар во одредени основни училишта ги натера раководителите на овие институции да направат замена со несоодветни лица. Некои од раководителите на училиштата со кои контактираше Алсат признаваат дека тоа се случува, но не сакаа да зборуваат пред камера. Затоа пак, за проблемот Рухи Џила, наставник по математика од Струга, вели дека штетите кои ги трпат учениците се неописливи и долгорочни.

Advertisements

„Ако некој кадар почувствува дека е неспособен, а се согласи да влезе во воспитно-образовниот процес, не само што ќе нанесе штета, не само што ќе остави дамки за неуспех, туку ќе биде уништена и целата емпириска мрежа на организацијата на воспитно-образовниот процес. Најновите трендови не водат кон сите овие реформи од современата настава. Самиот факт што значи современа настава во која учениците сега се афирмираат како активни субјекти во наставниот процес, тука тешкотијата се удвојува за наставник кој не е соодветен. Несоодветниот наставник не може да успее да ги нивелизира барањата на наставната програма, тие за нив се нерешливи“, рече Рухи Џила, наставник.

Слично размислува и професорот Зенафер Бајмак. Тој вели дека последиците се гледаат од самиот почеток на средното образование каде што и самиот рпедава, а каде учениците не ги добиле основните знаења за одреден предмет. Според Бајмак, наставник кој ја нема положено барем методологијата за настава не може да стане дел од образовниот процес.

„Не може секој да предава математика, биологија или кој било друг предмет, мора да биде квалификуван и подготвен за таа работа. Ако не е подготвен, тој може да знае да реши нешто, но нема да знае како да го објасни тоа. Ова е најголемиот проблем на нашата професија, не е само тоа што јас нешто знам, сепак ние како професори на тие факултети ги вежбаме методите и начините како да им го пренесеме на другите затоа што можеш да бидеш одличен познавач на некоја проблематика, а сепак да не знаете како да го пренесете тоа, па часот завршува, а резултатите се нула“, нагласи Зенафер Бајмак, наставник.

Предметите за кои веќе има недостиг на кадар се математика, физика, хемија, биологија и други. Интересот за нивно изучување на факултетите е мал./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button