КОШАРКАСПОРТ

Осма победа по ред, Бостон подобар од Њујорк во Медисон Сквер Гарден

Дербито во НБА лигата се одигра во Њујорк, каде Никс го пречекаа Бостон Селтикс. Гостите славеа со 116-102 за осми триумф по ред со кој се зацврстија на првата позиција во Источната Конференција со дури девет победи повеќе од второпласираниот Кливленд. Првата ѕвезда на Селтикс, Џејсон Тејтум постигна „само“ 19 поени, но затоа блескаше Џејлен Браун кој го заврши мечот со 30 поени.

На Никс не им помогна одличниот Брансон кој реализира 34 поени. Далеку зад него остана Џош Харт со 16 и Донте Дивиченцо со 12 поени. Њујорк го претрпе петтиот пораз во последните шест натпревари.

Засега тоа не влијае на пласманот на табелата и се уште е четврти на Истокот, но опасно му се приближуваат ривалите, па седмопласираниот Орландо е на само две победи. /Sport1.mk/

НБА – РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Орландо 109-112

Њујорк – Бостон 102-116

Минесота – Бруклин 101-86

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button