ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи со понуда до ВМРО-ДПМНЕ: Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите

Ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа уставните измени ќе добие можност да одлучи за датумот на изборите, изјави шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.
-Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите кога и да сакаат, денеска, утре, задутре, веднаш после изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна, рече Османи.