МАКЕДОНИЈА

Османи: Еднонационални референдуми за стратешки прашања се опасен преседан

Османи: Еднонационални референдуми за стратешки прашања се опасен преседан

За Договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум. Тој е еден од столбовите на евроатлантска Република Северна Македонија, заедно со Преспанскиот и Охридскиот договор, а еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан и тие не смеат да се случат, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Дополнително, како што рече министерот Османи, меѓународни договори не можат преку да се поништат преку еднострани одлуки.

Според Османи, сепак, опозицијата со иницијативата за референдум за договорот со Бугарiја му направила услуга на процесот за уставни измени затоа што, како што истакна, ја раздвоила дебатата за уставните измени и Договорот со Бугарија, бидејќи едното и другото не се поврзани. Министерот за надворешни работи, како што потенцира, е сигурен дека со секој поминат ден се повеќе ќе има поддршка за стратешките одлуки и правци за државата во тешки регионални и геополитички контексти. @Знам дека на ВМРО-ДПМНЕ нема да им донесе никаков бенефит овој став кон стратешките прашања, ниту во нивнот имиџ пред граѓаните, ниту пред меѓународната заедница, ниту пак воопшто ќе даде одредена додадена вредност на нивната политичка иднина. Не знам зошто тоа не можат да го разберат, затоа што игра со стратешките прашања во дневно-политички контекст секогаш било губитничка варијанта за тие што тоа го прават“, вели шефот македонската дипломатија кој додаде дека од комуникација со луѓе на ВМРО ДПМНЕ верува дека и таму се има разбирање оти од овој процес нема штета и дека Северна Македонија не смее да биде заложник на дневно-политички и партиски интереси.

Во однос на најавите од Левица дека ќе поднесе нова иницијатива за распишување референдум, Османи вели дека неговиот личен став е дека тие не се македонска партија, туку, како што рече, партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД./Slobodnaevropa

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button