ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Османи: Француското претседателство ја знае и нашата позиција

Откако бугарското собрание денеска даде зелено светло за францускиот предлог, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека до француското претседателство се испратени и нашите ставови и оти во следниот период треба да се види какво решение ќе дојде од таму.
„После оваа одлука на бугарскиот парламент и нашата позиција, претставена вчера, официјално и јавно од страна на премиерот Ковачевски, а претходно и на француското претседателство, ќе видиме за каков пристап ќе се одлучи француското претседателство“, рече Османи.