РЕГИОН

Османи: Северот на Косово е голем предизвик поради територијалните претензии на Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека северот на Косово е голем предизвик поради територијалните претензии на Србија. За време на нејзиниот годишен говор пред пратениците во Собранието, Османи повторно ја обвини Србија дека поддржува криминални групи на северот. Таа вети дека институциите се решени да ги обезбедат граѓаните на Косово кои живеат во овој дел на државата бидејќи, како што рече, на криминалните банди не им се допаѓа решителноста на институциите за владеење на правото.

Advertisements

„Северот на Косово продолжува да биде предизвик поради територијалните претензии што Србија ги има кон Косово кои ги изразува преку финансирање и поддршка на нелегални криминални структури. Но, ние сме решени како никогаш досега да создадеме безбедност и владеење на правото на секој агол на нашата територија. Ќе се соочат со правдата за кривични дела против уставниот поредок и за заплашување на граѓаните. Сите сме сведоци на постојаната закана на Србија за Косово. Оваа закана со димензии на агресија, неодамна се манифестираше преку хегемонистичката идеја за распоредување на српски воени трупи на Косово. Но, Србија и нејзиниот лидер многу добро знаат дека присуството на српската војска на територијата на Косово еднаш засекогаш заврши на 12 јуни 1999 година“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button