ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Време е С Македонија да започне преговори, ги исполни сите услови

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, рече дека на состанокот се разговарало за европската перспектива на земјава, како и за приоритетите во следниот период.

„Работиме на поставување приоритети со цел да ги претставиме во следниот период. Време е С Македонија да ги започне преговори затоа што ги исполни условите за ова. За нас е привилегија колку што е одговорност да претседаваме со организација како што е ОБСЕ. Разговаравме и за европската перспектива“, изјави Османи.

Османи додаде дека за Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ.

„Граѓаните очекуваат нешто конкретно, очекуваат конкретни резултати за членство во ЕУ. Немаме друга алтернатива. Ние сме во срцето на Европа и немаме каде да одиме. Европа без Западен Балкан не е целосна. Драго ни е што 26-те земји-членки имаат консензус во овој поглед“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button