ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: За предлогот ќе се изјасниме, откако тоа го сторат земјите на ЕУ

Османи: За предлогот ќе се изјасниме, откако тоа го сторат земјите на ЕУ

Содржината што ја објавија медиумите за францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат надлежните. Министерот за надворешни работи Бујар Османи  вели: прво ставот на другите земји, па на Северна Македонија.

„Мислам дека не е во наш интерес сега да ги кажеме нашите позиции во врска со тие предлози, додека не ги слушнеме предлозите на земјите-членки, бидејќи тоа е формалниот процес. Штом земјите членки ќе ги кажат своите забелешки, 26 земји членки треба да го кажат своето мислење, ако се обединат, ако и Бугарија го каже својот став тогаш се разбира, и ние ќе го кажеме нашиот став слушајќи го апсолутно тоа што граѓаните го велат и тоа што го објавуваат медиумите“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи .

Францускиот предлог е целосна уцена и фијаско на Ковачевски за што мора веднаш да поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлогот на Франција, од она што беше објавено во медиумите, е целосно фијаско и реализација на сите бугарски барања без никаква гаранција за Македонија. Ковачевски наместо да молчи, веднаш да излезе и да го одбие предлогот што го изнесоа медиумите. Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата што и се подготвува на Македонија. Францускиот предлог е целосна уцена и фијаско на Ковачевски за што мора веднаш да поднесе оставка“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Француското претседателство достави до земјите-членки на ЕУ предлог за преговарачка рамка на Дали предлогот е прифатлив за земјите-членки, вклучително и Бугарија, конечно ќе се знае на Самитот на ЕУ следната недела. /Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button