ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Основната каматна стапка зголемена на 2 отсто

Народната банка повторно ја заострува монетарната политика. Ја зголеми основната камата од 1.75 на 2%., а умерено зголемување има кај каматните стапки на депозитите преку ноќ и седумдневниот депозит. Централната банка веќе трет пат ја подига каматата нагоре. Основната каматна стапка се зголеми од 1.25 на 2 отсто за неполни три месеци. Сега на потег се деловните банки. Нивните  идни чекори би можеле да се очекуваат за неколку недели. Вообичаено прво растат каматите на депозитите, а потоа на кредитите. Граѓаните треба да имаат предвид дека кредитите со фиксни стапки најверојатно нема да поскапат, но за оние со променливи камати ќе се плаќаат и поголеми месечни рати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button