ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Неофицијално, интерпелацијата против Џафери на дневен ред на 30 јуни

Претседателот на Собранието, Талат Џафери и одговари на ВМРО-ДПМНЕ за наводите во интерпелацијата против него. Џафери ја обвинува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од нивниот координатор Никола Мицевски, дека намерно шират невистини во јавноста за да добијат дневно политички поени. Според него, на 25 мај биле затворени вратите од салата во која се одржувала пленарната седница за да се потврди кворумот за работа.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, се свесни дека за дневно-политички цели, поттикнати од нивниот партиски штаб, пласираат груби невистини со констатации во интерпелацијата, дека јас го кршам Уставот, законите и Деловник за работа на Собранието. Вечерта на 25 мај вратите на салата беа затворени, за службите на Собранието да го утврдат бројот на присутни пратеници, односно доколку има кворум за гласање“, се наведува во одговорот на Џафери.

Џафери во упатениот одговор го нагласува одобрувањето на Етичкиот кодекс, и извештаите на Државниот завод за ревизија за институционална транспарентност. Пратениците на ВМРО, ги обвинува дека во времето кога не го признавале за претседател на Собранието, не се тргале од неговиот кабинет поради приватни работи.

Делумна вистина е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, во период кога не успеаја со своите зли намери на 27 април 2017 година, не беа присутни на координирања кај мене, иако беа поканети според правилата. Но, апсолутна вистина е дека координаторот и пратениците на оваа пратеничка група, и покрај тоа што не беа присутни на координациите, како нивен политички маневар пред јавноста, во тој период практично не излегуваа од мојот кабинет, кога дури и доаѓаа за приватни потреби и барања“, се додава во одговорот на Џафери.

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаа да го коментираат одговорот на Џафери, со образложение дека одговорите ќе ги кажат на интерпелација. Неофицијално седницата ќе биде свикана на 30 јуни. ВМРО-ДПМНЕ сама го нема потребното мнозинство , додека албанската опозиција се уште не одлучила дали ќе ја поддржи или не. Интерпелацијата против Џафери доаѓа по затворањето на вратите на седницата на 25 мај, со образложение дека првиот човек на Собранието го прекршил правото на пратениците за слободно движење. Претходно, мнозинството гоодби предлогот на опозицијата да се дебатира за моралната одговорност на Џафери, по објавувањето на видео снимката каде тој наводно ги навредува службениците во Собранието.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button