ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дирекцијата за заштита и спасување започна кампања за подигање на свеста

На граѓаните им треба поголема свест и повеќе информации за тоа како да постапат во случај на пожар, без разлика дали се во природа или во населени места. Марина Арсовска од Дирекцијата за заштита и спасување, утрово со своите колеги отиде во центарот на Скопје за да подели информативни летоци до граѓаните, во кои има детали за тоа како треба да постапат и децата доколку избие пожар во куќата а тие се сами.

Од „Македонски шуми“ велат дека лани биле опожарени 500 илјади кубни метри дрва. Дирекцијата располага со 19 специјални возила за гаснење пожари на планински терени, но оваа бројка треба да биде 30.

Од Синдикатите на пожарникарите велат дека кампањата е успешна доколку успеат да спречат 30 отсто од пожарите.

Оваа кампања ја организираше Македонскиот пожарникарски сојуз, во соработка со пожарникарските синдикати на град Скопје и општинските пожарникарски синдикати на општините на град Скопје.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button