ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Оставките до вторник во Собрание или ВМРО ќе поднесе предлог за разрешување на Филипче и Хасани, вели Мицкоски

ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе до Собранието предлог одлука за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски. Како што кажа тој иницијативата ќе биде претставена и пред другите политички субјекти во Собранието.

„Даваме рок во вторник претпладне, министерот за здравство и неговиот заменик, да ги достават своите оставки до Собранието, за да може тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната седница истиот ден. Ако не бидат доставени пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со понуда за соработка и од другите пратенички групи, ќе поднесе до Собранието предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и заменикот“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button