МАКЕДОНИЈА

Оставките на Филипче и Хасани не се прифатени бидејќи мислев на последиците, вели Заев

Не би можело да се прифатат оставките поднесени од првите луѓе во Министерството за здравство бидејќи тоа би отворило потреба од назначување на нови на коишто ќе им треба време да навлезат во проблематиката на секторот, вели премиерот Заев запрашан за одлуката да не ги прифати понудените оставки од министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани.

„Не можете да преземете чекори, какви што очекува дел од јавноста, да се прифатат оставките, да тргнеме со именување на други луѓе и да ги учиме тие нови луѓе, да навлезат во системот, да воспостават сите соодветни органи… Една од причините зошто не размислив во правец на прифаќање на оставките е токму тоа – грижата што после тоа, како ќе продолжи системот“, рече премиерот Заев во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button