МАКЕДОНИЈА

Оџи агитирале пред верници да се гласа за владејачки партии

Денешната петочна молитва во дел од џамиите не поминала вообичаено. Во пресрет на локалните избори, некои од имамите ги користеа верските објекти и собраните верници за да држат политички говори и да повикуваат да се гласа за одредени кандидати, главно на владејачките партии. Поради тоа, денеска имаше бројни реакции од граѓани на социјалните мрежи, барајќи имамите да ја вршат својата работа, а не верниците да ги претвораат во електорат. Овие настани наидоа на осуда од Исламската верска заедница, која се оградува од реториката на, како што велат, некои поединци за одредени политички цели. Од ИВЗ соопштија дека вчера од кабинетот на поглаварот упатиле јавен повик за мирни, слободни и демократски избори. Обидите за злоупотреба на религијата за предизборни цели имаше и вчера кога политичка група се молеше пред зградата на Владата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button